ПОЗНАТ Е ТРЕНЕРОТ НА ШАМПИОНОТ

Тодоров се врати во МЗТ Скопје

Александар Тодоров ќе го води МЗТ Скопје Аеродром во следната сезона

објавено: 15 јуни 2017 - 13:55

Александар Тодоров ќе го води МЗТ Скопје Аеродром во следната сезона. Човекот кој пред пет години му ја донесе првата шампионска титула на клубот од Аеродром, сега се враќа на клупата на „металците" со нов предизвик, да се обиде да биде првиот тренер кој МЗТ го однел во плејофот на АБА лигата.

За Тодоров ова ќе биде четврта авантура во МЗТ. Првпат тимот го водеше во 2000/2001, потоа во 2007/2008, па во 2011/2012 кога освоија двојна круна. Си замина есента во 2012, после неколку кола од АБА лигата.

Потоа ги водеше Балкан, Динамо Букурешт и Пеќ, но секогаш во мислите му беше МЗТ, и сега повторно ја доби довербата на раководството.

Најново во Кошарка