ДУРИ И ИСПРАТИЛЕ ЗАКАНА ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА

„Торнадо" го „брка" Пипан од Задар

Задар е во криза, потврдена е со уште еден пораз, навивачите не го сакаат Словенецот на клупата.

објавено: 22 октомври 2018 - 14:00

Кошаркарите на Задар забележија уште еден. Четвртти пораз по ред во АБА лигата. Подобри од нив беа кошаркарите на Морнар, па сега тимот од Јадранот е закован на последното место во елитната регионална лига.
Загубата од Морнар е само ставање „сол на раната" предизвикана од поразот во хрватскиот шампионат, од слаборангираниот Забок.
А како што пренесуваат повеќе хрватски медиуми, по новиот пораз во АБА лигата, припадниците на навивачката група „Торнадо" влегле во салата за прес-конференции, и во таа прилика му упатиле предупредување на Пипан, и заклучок дека не се задоволни со неговата работа.
Навивачите го прашале некогашниот македонски селектор, и прв тренер на МЗТ Скопје, дали планира да поднесе оставка, што било негирано од негова страна.

Потоа бил прашан и дали чувствува вина за лошите резултати, и добиле интересен одговор:

„Никој не рече дека мораме да бидеме први после четири кола. А Забок му се случил на секој тренер кој бил овде"- одговорил Словенецот на клупата на Задар.

Потоа навивачите ги напуштиле клупските простории, но со последна порака до Пипан дека повеќе не е посакуван на клупата на нивниот клуб.

Најново во Кошарка