КАКВО КОЛО ВО АБА ЛИГАТА

ТРОЈКИТЕ МУ СЕ МАЈКАТА: Пет меча – пет решенија! (ВИДЕО)

Сите пет натпревари од четвртото коло во лигата на Јадранот беа драматични и решавани со шутеви од далечина...

објавено: 16 октомври 2017 - 16:35

Новата сезона во регионалното натпреварување навистина донесе она што беше најавено – возбудливи натпревари како никогаш досега, барем во оној уводен дел од сезоната.

Четвртиот викенд во АБА лигата ги потбрди истите дека оваа сезона ќе биде доста поизедначена во однос на некои претходни, особено ако се земе в предвид дека по дуелот Црвена Звездас – Будуќност, повеќе нема непобедливи тимови во регионалното натпреварување.
Сите пет меча од четвртото коло беа посебно возбудливи – и беа решени во самиот финиш, и тоа со тројки!

Маринковиќ од табла за победа на Партизан...
Се почна во Задар, када Вања Маринковиќ го предводеше партизан до победата. Српскиот бек ја смири задарската публика со одлучувачка тројка, „од табла", во 39. минута од играта.
Негова седма (од осум обиди) на дуелот во кој „црно-белите" стигнаа до триумфот...

Човиќ го сврте мечот во Бар
Неколку часа подоцна, возбудливо беше и во бар. Херој на победата на ФМП против домашниот Морнар, беше Филип Човиќ. После две битни асистенции бекот на „пантерите" ја превзема одговорноста на себе. И погоди за три поени на истекот на 39. минута, за важни два бода од ова тешко гостување.

Нешто се прашува и Марко Томас
Драматични моменти беа и оние во Загреб, каде се играше хрватското дерби. Цибона ја изненади Цедевита. Победата на „Волците од Тушканац" им ја донесе еден од нивните најискусни играчи, Марко Томас, секако со одлучувачката тројка реализирана на минута и половина од продолжението.

Лорбек се врати, и не знае да утне
Серијата на мечеви со посебно интересни финални минути е продолжена и во неделата навечер, во Сремска Митровица. Место каде Петрол Олимпија ја совлада Мега бемакс.А отпорот на младиот српски состав го скрши еден од најискусните Домен Лорбек. Некогашниот словенечки репрезентативец имаше 5/5, а последната петта тројка ја даде во моментите кога се „кршеше" резултатот кој отиде на страна на тимот од Љубљана.

Дербито во Железник, го реши Гибсон, а не Фелдин
На крајот на денот, уште едно дерби, и уште еден решавачки шут кој ја направи конечната разлика.
На крајот на трилерот – Црвена Звезда-Будќност, првиот кој гаѓаше за три поени (од аголот на игралиштето) беше Кајл Гибсон, и погоди, а потоа Џејмс Фелдин се проба на другата страна – и утна...
За прв пораз на шампионот во новата сезона од лигата на Јадранот...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најново во Кошарка