ОМЕР ОНАН ГИ ОТКРИВА НАМЕРИТЕ НА ТУРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Турците бараат „излез“ на Јадранот?

Генералниот координатор на турската кошаркарска федерација, поранешниот прославен кошаркар Омер Онан, изјави дека во тек се преговори за вклучување на турски клуб во јадранската лига.

објавено: 12 март 2018 - 16:00

Генералниот координатор на турската кошаркарска федерација, поранешниот прославен кошаркар Омер Онан, изјави дека во тек се преговори за вклучување на турски клуб во јадранската лига.

Ваков обид Турците имале и лани, но биле одбиени, со објаснување дека идејата на АБА лигата е во неа да играат тимови само од просторите на поранешна Југославија.

„Зборував со претседателот на АБА и ми рече дека нема да примат тимови од другите балкански земји. Понудата беше да примат турски клуб, а ние да им помогнеме со спонзорство на компанијата ’Туркиш ерлајнс’. Сезонава повторно ќе имаме контакт со нив, и ќе им го повториме предлогот" - вели Онан.

Има шпекулации дека АБА лигата ќе се прошири на 14 клуба, па во таква ситуација, нема да биде исклучено и еден тим да биде од Турција. Во минатото, го АБА имаше клубови од Израел, Чешка, Унгарија и Бугарија, но тој концепт се напушти, и сега во лигата играат само тимови од поранешните југословенски простори.

Најново во Кошарка