7. КОЛО ОД АБА 2 ЛИГАТА

УРНАТО ПРОКЛЕТСТВОТО: „Металците" стигнаа и до првата победа на гости

Андрија Бојиќ веројатно го имаше полувремето на кариерата. Српскиот крилен центар реализираше неверојатни 27. поени во првото полувреме од гостувањето на МЗТ Скопје во салата „Милениум" во Вршац. На крајот, доволно за прва гостинска победа на МЗТ Скопје во АБА 2 конкуренција,против Вршац славеа со (95:88).

објавено: 7 ноември 2018 - 19:45

Андрија Бојиќ веројатно го имаше полувремето на кариерата. Српскиот крилен центар реализираше неверојатни 27. поени во првото полувреме од гостувањето на МЗТ Скопје во салата „Милениум" во Вршац. На крајот, доволно за прва гостинска победа на МЗТ Скопје во АБА 2 конкуренција,против Вршац.
Она во кое на својот тим му донесе убедливо водство од (62:51) и во кое нашиот претставник во овааа втора лига на АБА делуваше мошне сигурно и убедливо.
Неверојатно ефикасно одиграа „металците" во првото полувреме на ова трето гостување во АБА 2 конкуренцијата. Реализираа дури 62.поени.
Вршац – МЗТ Скопје 88:95 (27-26; 24-36; 22-23; 15-10)

Но по израмнетата трета четвртина, домашната екипа испрати закана и на четири минути пред крајот, предноста на МЗТ Скопје беше изразена само со пет поени (89:84).
Но тоа беше се што направија кошаркарите на вршац на оој дуел во кој МЗТ Скопје конечно стигна до првата победа на гостински терен во оваа АБА 2 конкуренција.

Тоа е и најважната работа од ова гостување во соседна Србија, по кое МЗТ Скопје останува во првата „четворка" во АБА 2 конкуренција, Но сега со забелешка дека „сино-белите" макар и без помошта на еден стартер, во овој случај Иве Иванов, покажаа дека се способни да победат и на натпреварите кои се играат надвор од Скопје, во овој случај во Вршац...

Најново во Кошарка