ДВА ВАЖНИ БОДА ЗА ЗАДРАНИ

УШТЕ ПОТЕШКО ЗА МЗТ: Мега меч на Задар, не помага ни Пеџа

Директниот конкурент на нашиот претставник во борбата за опстанок во АБА лигата изненади во дуелот со Мега Бемакс (73:71).

објавено: 4 декември 2017 - 20:34

Задарскиот состав направи големо изненадување во ова десетто коло од АБА лигата затоа што како гостин со минимални (73:71) ја совлада екипата на Мега Бемакс.

И на тој начин уште повеќе му ја отежна работата на нашиот претставник МЗТ Скопје (2-8) во трката за опстанок во оваа регионална конкуренција.


Предраг Самарџиски беше активен дел од овој натпревар каде дојде до големото изненадување. Екс репрезентативецот на Македонија одигра скоро десет минути. А во нив реализираше пет поени (1/2 за два и 3/5 за еден поен), имаше и два скока, и по една блокада и загубена топка.

По десет кола, Задар сега има ефект од 4.победи и 6. порази, а Мега Бемакс е со уште полош скор (3-7).

Најново во Кошарка