КАДЕ ПЛОВИ БРОДОТ НА „МЕТАЛЦИТЕ"?

„Вајлд-карта" му е сега мајката...

Има само теорија ама таа ретко некогаш се стигнува...

објавено: 31 јануари 2018 - 12:05

Има само теорија ама таа ретко некогаш се стигнува...

Вели вака, дека МЗТ Скопје мора да ги добие наредните четири меча од АБА лигата, а неговата конкуренција (во овој момент три клуба, Мега Бемакс, Петрол Олимпија и Цибона), да ги загубат сите четири, не мора сите, дури може и само еден од нив.
Најреално едно такво сценарио е скоро пак „невозможна мисија".
Од причина нели, што и досега во 18 одиграни мечеви,тимот од Аеродром има само три плус и дури 15 минуси, па најреално е дека тоа тие бројки и нема да бидат многу поразлични.
Што понатаму, би било главното прашање на кое луѓето кои го водат клубот од Аеродром треба да го елаборираат во наредниот период?
Редоследно гледано, последното место во АБА лигата носи и излегување од ова високо друштво во кое евидентно е дека за МЗТ Скопје место нема – барем според постигнатото.
Но исто така реално е МЗТ Скопје да добие шанса од менаџментот на лигата на Јадранот. Секако прво како основач на лигата, кој со години е присутен и силно етаблиран, пред се во онаа организациска смисла на зборот – клуб.
Факт е дека македонскиот шампион има силен адут во сите оние, идни чекори– организациската поставеност и условите за функционирање какви има ретко кој клуб од оние други 11 кои се резултатски барем, пред него.
Тоа е најсилниот адут на македонскиот шампион во овој момент и картата на која веројатно (ќе) се игра во наредниот период.

Сето она што е зад нив во овие 18. одиграни партии во регионалната конкуренција се за вистински заборав.
Никако поинаку не може да се протолкува оваа сезона потцртана само со три триумфи во пет месеци играње на просторите на поранешната држава. Од нив два уште во онаа рана фаза од сезоната (против Партизан и Игокеа), и сега во овој завршен дел, со Цибона, и тоа во Загреб, што ќе каже дека два од тие три триумфи се на гостински терен, што е уште поизненадувачки.
Ех-Ем-Зе-Те...
Помалку и глупо би било сезоната на „сино-белите" да се подели на два дела, пред и после Александар Тодоров, односно оној „американски", или пак „српско-хватски-црногорски" стил на функционирање кој е сега присутен.
Грешките се направени, простор за поправки има(ше) малку, затоа што сред сезона и не се прави таков вид на „трансформација", и играчка и тренерска. Но тоа и не е новитет за клубот од Аеродром, особено ако се спореди со некои други претходни сезони во кои имаше и неколку тренерски промени, а да не говориме за играчки во текот на една сезона...
не треба да с езаборави и едне друга сегмент, МЗТ Скопје има дури седум репрезентативни имиња, најголем дел наши, но има и такви кои го носат националниот дрес на други држави (како Хрватска и Бугарија).
Значи квалитет има, постои, па макар бил искажан и на „хартија", како што знаеме да кажеме...
Но нешто не оди како што треба... Дали таа нагла промена во размислувањата од американско да се префрли на нешто „поблиску до нас", или пак е нешто друго, „внатре" во играчиот и тренерскиот дел?
И новиот тренер прецизираше некои работи кои се воглавно точни. Не само сега по онаа бламажа на МЗТ во С. Митровица. Тие проблеми се присутни од поодамна и генерираат резултати кои се далеку од очекуваните, посебно за онаа група на навивачи која реши да се врати на своето место, на трибините на СЦ „Јане Сандански".
Тие, а и другите заслужуваат еден друг, сосема поинаков, подобар МЗТ Скопје од актуелниот.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка