НЕ МУ ВЕРУВАЈ НА ВОЛКОТ ЛОШ, ВОЛКОТ ЛОШ...

ВЕТУВАЊАТА ГИ „ЗАСПАА": „Металците" испаднаа – наивни, пред се!

МЗТ Скопје се чини, или изгледа така, премногу верува(ше) во ветувањата на првиот човек на АБА лигата, Небојша Човиќ и неговото опкружение, пред се она менаџерското, блиску до круговите во и околу Железник, Белград, а преселени во Сремска Митровица.

објавено: 14 март 2018 - 17:45

Има една таква изрека, никогаш не му верувај на волкот лош, волкот лош...

МЗТ Скопје се чини, или изгледа така, премногу верува(ше) во ветувањата на првиот човек на АБА лигата, Небојша Човиќ и неговото опкружение, пред се она менаџерското, блиску до круговите во и околу Железник, Белград, а преселени во Сремска Митровица.
Некако и премногу уверени, па дури и самoуверени беа во менаџментот на нашиот првак дека оваа сезона, најлошата откако играат во АБА конкуренцијата ќе биде едноставно избришана со „проширувањето" на лигата.
Односно на враќањето на бројката од 14.клубови учесници.
Да биде уште полошо по нашиот првак, се случи најцрното можно сценарио.
Во Белград повеќето од клубовите членови на лигата, дигнале рака за една друга идеја која ќе биде реализирана во наредниот период.
Онаа најлошата можна за македонската клупска кошарка.

Македонија нема да има свој претставник во најквалитетно АБА натпреварување. Македонија ќе мора на спортски план, а не само со лобирање, да си го врати својот статус на барем еден АБА прволигаш, а не дури два како се движеа најавите во последно време, за жал сосема погрешшно перцепирани.
Човиќ и компанија донесоа други „методи", пред се спортски, наводно... Затоа што дури и да се прифати идеата за „непроширување на лигата", не може да се премине преку факторот дека има едно сериозно опасно ограничување кое вели дека во лигата може максимално да има пет клубови од иста држава и дека нема да се применува веќе оној национален клуч.
Во ред, ако на АБА лигата не и требаат клубови од Македонија, тоа е нивно право.
Но што ќе се случи на пример, следната сезона, ако шампионот од АБА 2 лигата повторно биде екипа односно клуб од Србија?
Како на веќе постоечки пет (со претпоставка оваа година на „четворката" да и се приклучи Борац од Чачак или пак Вршац) да се додаде и шестиот?
Дали тоа значи дека српските клубови џабе ќе ја играат сезоната 2018/2019 година во АБА 2 лигата затоа што не може да бидат над бројката 5?
Хрватите одамна ја открија „споната" Црвена Ѕвезда-ФМП-Борац Чачак, и затоа и го дигнаа својот глас пред гласањето во Белград по кое Македонија, и само ние останавме со празни раце. Со Партизан, со Мега бекамс, со Игокеа која е клуб кој егзистира во оној српски ентитет во БиХ, тоа е веќе половина од српската лига.
Се чини и премногу, и момент за кој никој не се(по) буни(л) барем не засега.
Да, резултатот е и против МЗТ, но и против АВ Охрид, кој никој не го спомена во приказната.
Да, и охриѓаните ќе немаат право догодина да учествуваат во АБА 2 лигата затоа што се последни на табелата (не можат погоре иако уште играат).

До лани со два клуба, догодина без ниту еден!?
Навистина звучи неверојатен податокот кој вели дека во ланската сезона, Македонија беше претставувана дури и два клуба, односно покрај МЗТ Скопје, „боите на Македонија" ги бранеше и екипата на Карпош Соколи.
И тоа двете екипи одиграа многу подобро (гледано и збирно) од ефектот кој го имаше МЗТ Скопје амо во оваа сезона (3-18).

Што ли толку ги „налути" челниците на АБА лигата, оние актуелните, посебно оние од Белград, да се одлучат на еден вакво потег, да ја тргнат Македонија од јадранската мапа?
Јасно е дека „соколите" не се разделија со АБА лигата во најдобро светло.
Јасно е и тоа дека беа разочарани од исходот на гласањето во кое победи еден друг концепт, сега актуелен со 12 клубови учесници, но без Карпош Сокили.
Да, тогаш дури и МЗТ Скопје дигна рака за таква работа, па од оваа временска дистанца изгледа дека „металците" тогаш си дадоа автокош, или самите си пукаа во нога.
И одеднаш, Македонија остана без свој претставник во регионалното натпреварување.
По што повторно се поставува прашањето зошто тоа мора(ше) да биде токму така?

Дали сега ќе се прашува и МКФ?
Друга работа, после сето ова, свој став треба да каже и раководството на Македонската кошаркарска федерација.
Во заклучокотт од Собранието на АБА лигата јасно стои дека како екипа која испадна директно од АБА има обезбедено (по автоматизам) место во АБА-2 лигата за сезоната 2018/2019, и која би била втората екипа – претставник на нашата земја во оваа конкуренција ако се знае дека АВ Охрид ќе нема право да се пријави по втор пат по основањето на АБА 2 лигата?

Затоа што дали како прв, или како петти, шести во нашата Прва лига, МЗТ Скопје доби гаранција дека ќе игра „некаде", па макар и во АБА 2.
Но што е со вториот тим кој евентуално би испрати своја пријава, а на кој добивме, ете како мислот, право од АБА Асамблејата.
Од таму порачаа дека отсега ќе се гледа само оној спортски момент, односно резултатите во домашниот шампионат. Па многу извесно е дека и во МКФ ќе се подредат на тоа, пријавата да дојде од што е можно подобро пласирана екипа во плеј-офот или пак оној регуларен дел, по истекот на Суперлигата.
Или пак повторно ќе с еоди на некој „слободен избор" во кој федерацијата не се прашува воопшто. Барем така беше се до овој момент, одлука која ќе смени многу во нашата клупска кошарка, која ќе се симне уште едно ниво подолу од што е во овој момент.
За тоа има многу јасни индикации, додека пак анализите се и остануваат кај МЗТ Скопје, и се во прашален стил: „каде навистина погрешија"?
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка