ДАЛИ ШАМПИОНОТ ЌЕ МЕНУВА НА НАДВОРЕШНИТЕ ПОЗИЦИИ

ВО ОДБРАНА НА ТИТУЛАТА: Синовец би можел да се врати во МЗТ Скопје?

Српските медиуми најавуваат можен „камбек" на српскиот бек во добро познатата средина...

објавено: 17 март 2018 - 16:15

Стефан Синовец би можел да биде (уште еднаш) да биде нов играч на МЗТ Скопје и да им помогне на „металците" во обидот да ја одбранат титулата во националниот шампионат.

По излегувањето, односно завршувањето со обврските во Лигата на Јадранот,стручниот тим на македонскиот првак се обидува да направи уште посилен ростер од актуелниот.
Особено на надворешните позиции.

А некои српски медиуми најавија дека токму искусниот кошаркар би можел да се врати во Скопје и уште еднаш во својата кариера да го облече „сино-белиот" дрес.
За потсетување, како играч на МЗТ Скопје, Стефан Синовец освои три шампионски титули, последната, токму во минатата година.
А оваа сезона, како играч на Мега Бемакс Синевец има просек од 9.4 поени, 3.1 скока и 2.6 асистенции по натпревар во АБА конкуренцијата.

Најново во Кошарка