Нов Хрват во таборот на Карпош Соколи

Врбанц ги засили „соколите“

Искусниот хрватски бек Горан Врбанц ќе го носи дресот на Карпош Соколи. Тој денеска го имаше првиот тренинг со „карпошовци“. 

објавено: 27 октомври 2016 - 18:47

Хрватската колонија во тимот на Карпош Соколи се зголеми за уште едно име. Станува збор за 32-годишниот Горан Врбанц кој денеска го имаше првиот тренинг со „карпошовци“, каде играат и неговите сонародници Доминик Мавра и Зоран Вркиќ.

Последен клуб на Врбанц му беше Сигал Приштина. Пред тоа има играно за Ријека од неговиот роден град, па Цибона од 2006 до 2011, кратко беше и во Широки, потоа две години мина во Задар, па по една година во Лиеткабелис, полски Кошалин, Загреб и унгарски Солнок. Како член на Цибона, има и тригодишно евролигашко искуство.

Лани во Солнок, Врбанц во унгарската лига одигра 27 меча со просек од 9,3 поени и 2,5 скока за 22,7 минути. Во Еврокупот, на три средби даваше по 6,3 поени за 19,3 минути.

Најново во Кошарка