ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ УШТЕ НА СТАРТОТ ЗА АЕРОДРОМЦИ

Вудард од МЗТ е играчот на колото во АБА2 лигата!

Во првата рунда од новата сезона блескаше Американецот во дресот на македонскиот кошаркарски клуб, Џејмс Вудард, кој е избран за најдобар играч на првото коло од регионалното натпреварување.

објавено: 29 септември 2018 - 20:55

Бекот-шутер имаше 25 индексни поени во убедливиот триумф на домашен терен против Хелиос (92:79), собрани со учинок од 19 поени, пет скока, четири асистенции и две украдени топки.

„Сино-белите" имаат уште двајца кошаркари меѓу најдобрите во првото коло од регионалното натпреварување, со оглед што Андрија Бојиќ со 22 поени е трет стрелец, а Лестер Медфорд со девет успешни додавања беше втор најдобар асистент.

Следната шанса за потврда на квалитетот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја има веќе в среда кога на домашен терен ќе го пречека Борац од Чачак.

Најново во Кошарка