СТАРТУВАШЕ ПЛЕЈ-ОФОТ ВО АБА ЛИГАТА

Задоцнето „палење" на Партизан во Загреб

Гостите од Белград стигнаа негатива од 23. поени, но на крајот Цедевита славеше со (83:76) и поведе со (1-0) во серијата. Утре вечер во Белград, во второто полуфинале, Црвена Звезда го дочекува Будуќност.

објавено: 18 март 2017 - 21:40

„Само" со (83:76) победија кошаркарите на Цедевита на отворањето на полуфиналната серија од плеј-офот од АБА лигата во дуелот против Партизан. Но за малку „витамините" ќе беа казнети за големото опуштање во играта, особено во псоледната четвртина во која белградските „црно-бели" опасно се заканија. И од негатива од 23. поени (35:58), на почетокот на третата четвртина со серија од (14-0) се вратија назад во мечот. Но не излегоа докрај од „дупката" во која влегоа со еден катастрофален процент на реализација. Пред се за три поени (2/18), во првите 20. минути.
Загрепчаните ја искористија предноста на домашен терен, победоа со (1-0) во серијата која се сели следната сабота (25.март) во Белград. Ако треба и трет натпревар, истиот ќе се игра одново во Загреб, на 1. април.


Српскиот кошаркарски гигант имаше одлично второ полувреме во кое дојде и на -5 (69:74),но и доволно време за максимална неизвесност. Но кога при резултат (77:71) Хечер не погоди тројка, ситуацијата ја расчисти, исто така со тројка, Клушлин, кој постави недостижни (80:71) за хрватскиот шампион на овој меч на кој еден од тројцата судии беше нашиот интернационалец Игор Митровски.
Миро Билан со 13. поени и 9. скока беше најдобриот поединец во победничкиот тим, иако Американецот Џон Шурна даде два повеќе, а Мирза Бегиќ собра десет скока.
Кај Партизан Хечер уфрли 18. поени (и 7 асистенции), Величковиќ дојде до 14. поени и 8.скока). Но сериозен хендикеп за „црно-белите" беше повредата на скочниот зглоб на нивниот стартен центар Урош Луковиќ уште во првата минута од ова полуфинале.
Во она другото се среќаваат Црвена Звезда и Будуќност, чиај серија „подобар од три" почнува утревечер во салата „Александар Николиќ" во Белград.

Најново во Кошарка