ЛИДЕРОТ ВО АБА ЛИГАТА БЕШЕ НА ЧЕКОР ДО ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ

Задрани се спасија од нов срам (ВИДЕО)

Црвена Звезда демонстрираше сила против Задар. Ги победи со (113:65), но „црвено-белите“ не го поминаа рекордот на Цедевита, победа изразена со 58. поени предност.

објавено: 2 јануари 2017 - 21:00

Кошаркарите на Црвена Звезда продолжија да газат и во 2017 година. На првата проверка на спремноста, „црвено-белите“ одговорија максимално одговорно, и пред се ефикасно.

На дуелот пред својата публика во салата „Александар Николиќ“, пред нивните скоро 8.000 фанови, кои патем кажано, дојдоа да го поздрават нивниот нов играч Дион Томпсон, го демолираа Задар (113:65).

 За жал, по нив и нивната публика, тоа е втората најубедлива победа во историјатот на АБА Јадранската лига

Последен пат, нешто слично вакво се случи на 8. октомври, сега веќе минатата 2016 година. И повторно еден од актерите во тие рекордни, за нив се разбира, негативни остварувања, беа кошаркарите на Задар.

Во мечот од 4. коло од оваа сезона на АБА лигата, одигран во „Домот на спортовите" во Загреб, Цедевита ги прегази со плус од 58. поени (120:62).

Па затоа, тие 58 поени плус кои ги имаат „витамините“ од Загреб остануваат „на сила“ и понатака...

 

Најново во Кошарка