ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО СПОРТСКА ХРВАТСКА

Задрани застанаа, го прекинаа мечот, за да го одбранат “Торнадо“ (ВИДЕО)

Откако видоа дека нивните симпатизери почнаа „битка“ со полицијата, на сред натпревар, кошаркарите на Задар се качија на трибините за да ја смират запалената ситуација...

објавено: 12 јануари 2018 - 22:45

За малку тежок инцидент ќе се случеше на средбата од шампионатот на Хрватска. одигран во Каштел, каде гостуваше АБА лигашот - Задар.

Имено, пред самиот крај на натпреварот, гостинските навивачи запалија еден факел на трибините во популарната „соколана“, по што се слушнаа извици на негодување, а по кои дојде и до инцидент помеѓу навивачите и полицијата. 

А кошаркарите на Задар не се двоумеа воопшто. Ја прекинаа играта, се стрчаа, па се качија на трибината, се со една цел, да ги одбранат своите навивачи од нападите на полицајците присутни во салата.  

Неколку минути подоцна, страстите се смирија, а натпреварот го дочека својот крај.

Како изгледаа тие инцидентни моменти може да се видат на видео-снимката од натпреварот, поточно во оние последни неколку минути од комплетниот ТВ запис. 

Најново во Кошарка