Крај на црниот период, победа на шампионот во АБА лигата

ЗАГРЕБ МАКЕДОНСКИ: И МЗТ Скопје го огреа сонце

По 16 октомври, во Аеродром ќе се слави и 14. јануари. Во салата која го носи името на големиот Дражен Петровиќ, Цибона - МЗТ Скопје (77:92), за трета победа на македонскиот шампион и за враќање на самодовербата загубена во изминатиот период.  

објавено: 14 јануари 2018 - 16:38

Од Загреб, Марија Ковачева

Фото: Петр Стојановски

По 16 октомври, во Аеродром ќе се слави и 14. јануари.

Токму толкав временски период нашиот претставник во АБА лигата чекаше на победа, а по онаа втората против Игокеа на гостински и оваа денешната, против Цибона, во Загреб.

Трета за македонскиот првак, доволна да се стави крај на една црна серија од неверојатни 11. порази по ред.
Но и да се најават некои подобри времиња во регионалното натпреварување во кое со овие два бода од Загреб, МЗТ Скопје фаќа каков-таков приклушок на табелата. Односно трк со екипуте на петро Олимпија и Мега Бемакс, кои сега се на две победи пред нашито првак.
Како и да е, во салата која го носи името на големиот Дражен Петровиќ...
Цибона - МЗТ Скопје 77:92 (19-15; 19-26; 18-30; 21-21)
МЗТ Скопје имаше само почетни (3-0) во уводната четвртина од мечот. Со серија од десет поени по ред, Цибона го превзема водството, и го држеше до истекот на првите десет минути, (19:15).
Но МЗТ Скопје одлично ја отвори втората четвртина од гостувањето во Загреб. Со своја серија од (11-2), која ја иницираа Стојановски и Трајковски, кој изненадувачки, доби шанса од клупата, а не во првите пет, скопските „сино-бели" поведоа со (26:21).

Токму по тројката на Трајковски, МЗТ Скопје имаше и (32:27), по 16. минути игра.
Лалиќ почна, но и продолжи добро, особено во нападот, па тој беше третиот играч на МЗТ Скопје го даде сериозен придонес во „чување на резултатот".
И го одбранија до крајот на тоа прво полувреме,МЗТ Скопје имаше предност од три поени (41:38).
Пред се поради доброто функционирање на шутот, оној за три поени во кој „металците" беа со 50% ефикасни (6/12), најмногу поради безгрешните Трајковски и Стојановски (2/2).
Освен тоа МЗТ ја надскока Цибона (имаа пет скока плус во тие 20. минути).
Помалку неверојатно, Цибона имаше само по една загубена односно освоена топка во оваа фаза од мечот во празниот „драженов дом".

Уште подобра личеше играта на македонскиот првак во продолжението.
Имаше МЗТ Скопје и водство од 13. поени (60:47) во 26.минута. Затоа што капитенот Стојановски делуваше непогрешливо (додаде уште две тројки).
Ја одиграа „аеродромци" својата најдобра четвртина во сезоната. Реализираа дури 30. поени, па по три четвртини имаа убедлива предност, од 15. поени (71:56).
И што е поважно, веројатно за прв пат под водство на Лукајиќ, МЗТ Скопје имаше друи шестмина „двоцифрени" кошаркари.

Во ритам влегоа бековите, Мавра и Симоновски, помогна и тоа доста Спасојевиќ. Па силите беа правилно распоредени, по тројца „ниски" и исто толку „високи" играчи на МЗТ Скопје го пронаоѓаа патот до кошот на Цибона.

Рецепт по кој и се дојде до толку посакуваниот триумф, втор на гостински терен во сезоната, кој ја вража вербата во овој МЗТ Скопје, дека мора, но и дека може.

 

Најново во Кошарка