АВ ОХРИД ПРЕД УШТЕ ЕДЕН СЕРИОЗЕН ИСПИТ ВО АБА 2 ЛИГАТА

Загревање за Босна, со прошетка низ Сараево (ФОТО)

Младите кошаркари на АВ Охрид како Филип Бакоч, Стефан Донаковски  и Стефан Глигоријевиќ ги искористија слободните моменти од престојот да го прошетаат главниот град на БиХ...

објавено: 13 март 2018 - 14:25

Ќе им треба доволно сила, енергија и знаење, и на Бакоч, Донаковски и на Глигоријевиќ, но и на другите во составот на Петар Чочороски, за да му се спротивстават на тимот кој беше пред откажување од оваа конкуренција.

Но во последен момент финансиски се стабилизираше, продолжи со настапите во АБА 2 конкуренцијата, и тоа доста успешно, што не може да се каже за нашиот претставник (останаа само на таа една службена победа токму поради недоаѓањето на клубот од Сараево на гостувањето во Охрид).

Дуелот во КСЦ „Скендерија" е закажан за 18. часот.

Најново во Кошарка