НАЈУБЕДЛИВ ПОРАЗ НА „СОКОЛИТЕ“ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ВО СЕЗОНАТА

Зековиќ: Го загубивме ритмот и тимската хемија...

„Не можам да кажам дека Вркиќ и неговата повреда е причина за поразот, но го загубивме оној ритам на игра и тимската хемија додека тој беше во тимот. Мора да се дигнеме по овој пораз“- вели високото крило на „соколите“ по најубедливиот пораз на домашен терен во оваа АБА сезона..

објавено: 14 февруари 2017 - 20:18

Кога Карпош Соколи губи, тогаш навистина губи. По осум „врзани“ победи, сите на домашниот терен во ВИП Арената „Борис Трајковски“, стигна и најубедливиот пораз. Оној од Црвена Звезда од (61:98), со кој е ставен крај на тие убави, победнички моменти во Карпош.

За Драган Зековиќ помалку реален, иако, како што вели високото крило на Карпош Соколи, по добриот почеток, не се очекувало ваков епилог. Сепак, отсуството на Зоран Вркиќ, за Зековиќ е од големо значење, затоа што имало свое влијание на играта на домашната екипа. 

„Честитки до Црвена Звезда за победата. Одлично го почнавме натпреварот, поведовме со 10 разлика, но имаше пад на играта кој Црвена Звезда го искористи. За жал, продолжи падот и во продолжението од мечот. Не можам да кажам дека Вркиќ и неговата повреда е причина за поразот, но го загубивме оној ритам на игра и тимската хемија додека тој беше во тимот. Мора да се дигнеме по овој пораз. За нас следува Купот на Македонија, како и натпревари во АБА-лигата" - искоментира Драган Зековиќ.

Очекувано, тренерот на гостите Дејан Радоњиќ некакао премногу мирно го прими крајниот епилог на овој меч по кој Црвенз Звезда потврди уште еднаш дека е најсилниот тим во оваа конкуренција. Дури и кога им недостасуваат неколку играчи, во овој случај, три...

„Славевме против Карпош, иако немaвме три играчи. Победата е добра, но другото не е добро. Пофалби за доста добрата игра на моите кошаркари во текот на целиот натпревар. Одигравме доста тешки мечеви. Заминуваме од Скопје задоволни. Се надевам дека „соколите" ќе ја остварат целта, а тоа е опстанок, за кој им е потребно малку. Се извлекоа од позиција која беше навистина тешка, а тоа е за секоја пофалба" - изјави Радоњиќ по прелесниот триумф на „црвено-белите“. 

Најново во Кошарка