ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЕВРОЛИГАТА

Антиќ заигра оро, а потоа објасни: Навивачите на Звезда, на Олимпијакос и на Фенер ми се во срцето

„Кога се игра дербито, тоа е повеќе од животот. Можеш да ја освоиш Евролигата, но ако не го добиеш дербито...“, објаснува македонскиот центар

објавено: 24 април 2018 - 08:30

Некогашниот македонски репрезентативец Перо Антиќ беше дел од шоуто „Кул Евролига“ каде зборуваше за неговата кариера. Како актуелен играч на Црвена Звезда, Антиќ објасни што значи да се игра белградското дерби против Партизан.

„Тоа е комплициран однос. Тоа е како воена зона. Кога се игра дербито, тоа е повеќе од животот. Можеш да ја освоиш Евролигата, но ако не го добиеш дербито. Комплицирано е, но не е како во Турција или Грција, каде што не е дозволено влез на гостински навивачи во сала. Во Србија е дозволено да има навивачи на двата тима и јас уживам во таа атмосфера. Ми дава експра мотивација“, вели Антиќ.

Со оглед на тоа што има играно за многу клубови во кариерата, запрашан за тоа кои навивачи се најдобри според него, Перо не можеше да одвои едни навивачи. 

„Навивачите на Црвена Звезда, на Олимпијакос и на Фенербахче се најдобри во светот. Тие се во моето срце. Во НБА е многу поразлично од Европа“, објаснува Антиќ.

Погледнете го гостувањето на Антиќ во оваа емисија, во која нашиот кошаркар заигра и оро...

 

 

Најново во Кошарка