НЕШТО ОЛЕСНЕТА РАБОТА ЗА БЛОКОТЕХНА

Академик Бултекс во Гевгелија без тројца битни играчи

На вечерашниот дуел, закажан за (18.30 часот), гостите од Пловдив не сметаат на Никола Маравиќ, Мартин Дурчев и Александар Груев кои добиле „одмор" од стручниот штаб

објавено: 7 февруари 2018 - 16:55

На патот да ја заверат десеттата победа во БИБЛ лигата во оваа сезона, кошаркарите на Блокотехна вечерва ќе имаат нешто полесна задача.

На вечерашниот дуел, закажан за (18.30 часот), во Гевгелија, гостите од Пловдив не сметаат на Никола Маравиќ, Мартин Дурчев и Александар Груев.
Според бугарските медиуми, овој „трилинг" добил поштеда од стручниот штаб.
Инаку пред вечерашниот меч Блокотехна е лидер во БИБЛ лигата, затоа што во десет одиграни мечеви има забележано девет победи, додека нивниот противник Академик Бултекс 99, е на половичен скор, 4-4.

 

Најново во Кошарка