КОЖУВ НЕКОМПЛЕТЕН НА ПРВИОТ МЕЧ ВО 2017 ГОДИНА

Без Мек Нил во Приштина?

Првиот стрелец во екипата ќе добие уште некој ден за одмор, и најверојатно нема да настапи во среда навечер против бранителот на балканскиот трофеј.

објавено: 11 јануари 2017 - 11:30

Сериозно ослабена најевројатно, ќе биде екипата на Кожув за првиот официјален натпревар во 2017 година. Оној во среда навечер (19.часот), кога ги чека гостување на актуелниот бранител на трофејот во БИБЛ лигата, екипата на Сигал Приштина.

Иако нивниот најдобар стрелец, Кенјон Мек Нил.замина со тимот, за очекување е дека ќе биде поштеден од напорите за овие први 40. минути во сезоната, посебно ако се знае дека во овој момент, шефот на стручниот штаб Игор Михајловски и има право на избор, ако се земе в предвид дека во активниот ростер има шест странски кошаркари.

A право на настап на еден меч БИБЛ лигата имаат петмина.

Мек Нил кој важи и за еден од најкорисните играчи во Лигата на Балканот, и кој во овој момент е прв асистент во ова регионално натпреварување, добива уште мал простор за одмор од стручниот тим на гевгеличани предводен од Игор Михајловски.

Се со цел да го дочека максимално подготвен за продолжението на нашиот национален шампионат  (21.јануари) во кој бараат што е можно подобра позиција пред вториот дел, односно место кое води во Суперлигата.

Инаку, освен одличниот американски бек, во екипата ќе го нема ниту искусното крило Златко Гоцевски со кого непосредно по завршувањето на првиот дел од нашето првенство била прекината соработката, и тој е во улога на „слободен агент“( се најавува дека ќе потпише за второлигашот Радовиш).

По седум одиграни кола во БИБЛ лигата, и ефект (2-5), гевгеличани имаат мали шанси да завршат на една од првите четири позиции во групата „А“ кои водат во ТОП 8 фазата на ова натпреварување.

Освен овој дуел во Приштина, пет дена подоцна ги чека и дуелот со Куманово, додека пак во последното 10. коло, на 24 јануари, предвиден е и возвратниот дуел со екипата од Приштина.

 

 

Најново во Кошарка