ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО УБИСТВЕН РИТАМ

БИБЛ ДОМИНАЦИЈА: Баш силна Блокотехна

Ниту косовскиот Башкими не беше висока пречка за избраниците на Марјан Илиевски. Рутинерска победа (93:71) за сочувување на стонастотниот ефект во оваа уводна фаза од новата сезона...

објавено: 18 октомври 2017 - 20:15

Блокотехна е доста „цврста градба". Го покажаа тоа гевгеличани и на вториот натпревар од новото издание на БИБЛ лигата во кое се водат како дебитанти, барем „на хартија"'.

Ново реалноста се покажа дека Блокотехна е сериозна екипа која од самиот почеток покажува дека има јасна цел во оваа сезона, да оди напред кон оние водечки позиции и во Балканската лига.
Испратија гевгеличани уште една јасна порака за тоа...
Блокотехна – Башкими 93:71 (24-13; 25-22;24-21;20-15)
Двејн Бенџамин диктираше темпо во уводната фаза од играта. Рано гевгеличани почнаа да го кршат отпорот на противникот. И уште по 10 минути игра, имаа предност од 11. поени (24:13), а Бенџамин веќе 12. реализирани поени.
Висока реализација, пред се во шутот за три поени (4/6) имаа во тој дел од играта во кој домаќините изградија предност и од 16. поени (40:24), како што беше во 15. минута, а слично беше и на истекот на полувремето, (49:35).
Јасно е дека Бенџамин не е и единствениот поентер во тимот на тренерот Марјан Илиевски. Затоа што како одминуваа минутите така „се отвори", Мијатовиќ, кој дотурка до 27. поени (Бенџамин застана на 20), но и Мелори односно Главчев, кои придонесоа со 19, односно 15. Реализации.
И премногу за надевањата на тимот од Призрен дека може да смета на нешто во Негорци. Тоа не им беше допуштено, во ниту еден момент од мечот по кој Блокотехна се позиционира на првото место на табелата во БИБЛ конкуренцијата.

 

Најново во Кошарка