Реализација на намерите на „соколите“

БИБЛ го „потврди“ Карпош Соколи

Потврда плус за намерите на клубот од Карпош даде и менаџментот на БИБЛ лигата кој во своето соопштение му посака „добредојде" на новиот член на ова регионално балканско натпреварување.

објавено: 17 август 2016 - 12:02

Екипата на Карпош Соколи во следната сезона ќе настапува и во Балканската Лига.
Потврда плус за намерите на клубот од Карпош даде и менаџментот на БИБЛ лигата кој во своето соопштение му посака „добредојде" на новиот член на ова регионално балканско натпреварување.
„Балканската лига со задоволство сака да им посака добредојде на Карпош Соколи во натпреварувањето и се надева дека соработката ќе произведе позитивни резултати за двете страни. Наредната недела раководството на БИБЛ ќе допатува во Скопје каде на состанок со претседателот на МКФ Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска ќе го потврдат учеството на клубот" – стои во соопштението на БИБЛ лигата.
И во минатата сезона Македонија преку Кожув, имаше свој претставник во ова натпреварување.
Но прашање е дали во наредниот период, покрај „соколите", ќе има уште еден заинтересиран кандидат, особено ако се знае дека од клубот од Гевгелија, барем засега, нема никакви назнаки за такво нешто.

Најново во Кошарка