ДЕБИ СО ПОБЕДА ЗА БЛОКОТЕХНА

БЛОКАДА ВО ГЕВГЕЛИЈА: Тирана на Брчков - здробена со „стотка“!

Иако сите работи беа појасни по првиот дел од играта (54:36), гевгеличани одработија силно и во третата четвртина за убедлив старт во балканското натпреварување (100:68)

објавено: 10 октомври 2017 - 20:10

Тирана не беше противник по мерка за гевгелиска Блокотехна...

Иако номинално во улога на дебитанти, гевгелиучани не изгледаа така проитив албанскиот претставник на отворањето на новото издание на БИБЛ лигата.

Блокотехна – Тирана 100:68 (24-16; 30-20; 30-9; 16-23)

Како одминуваа минутите, така Блокотехна го „кршеше" отпорот на гостите од Албанија.
И да не беше Хусенаголи, кој реализираше 19. поени за 20 минути, кој знае каков ќе беше резултатот на „големиот одмор" од оној официјалниот (54:36).


Бековскиот двоец Младеновиќ-Главчев беа првите во домашната екипа кои ја префрлија двоцифрената граница по едно полувреме во кое тренерот Марјан Илиевски уфрли десетмина кошаркари.
Не играше недоволно опоравениот Казарновски, како и младиот Божинов (заигра во второто).
Македонскиот репрезентативец Владимир Брчков, практично не излезе од игра во првото полувреме. Но реализираше само три поени (1/4 во шутот од поле).

Вториот дел од играта може слободно да се каже, беше тренажен за гевгеличани кои во 27 минута од играта ги запишаа, барем дотогаш, највисоките (77:45).
Каква одбрана играше тимот од главниот град на Албанија, доволно говори и статистичкиот податок дека Блокотехна погодуваше и со 76% на успешност во обидите вредни два поени.
Па затоа и не беа воопшто изненадувачки оние плус 39, (84:45) за нашиот претставник по 30.минути играње.

Американецот Бенџамин имаше 25, Главчев застана на бројката од 21.поен, Младеновиќ уфрли 15, Мијатовиќ 13, а Аврамовски уште 10 во победничката екипа. 

Владимир Брчков одмори една четвртина, и заврши со пет реализирани поени (и три скока и две асистенции) за Тирана, додека пак нивниот лидер, Хусенаголи, дојде до бројот 33. 
Нешто порано, во првиот меч од новата сезона на БИБЛ лигата, и дуелот на дебитантите, Академик Бултекс 99 славеше како гостин против Ибар во Рожаје (94:83).

Најново во Кошарка