ГЕВГЕЛИЧАНИ СЕ ЛИДЕРИ ВО БИБЛ ЛИГАТА

Блокотехна го „искрши" и Башкими

Постепено, но сигурно, избраниците го кршеа отпорот на тимот од Призрен, па на крајот стигнаа до уште еден триумф (91:75), седми во осум одиграни кола од Лигата на Балканот.

објавено: 17 јануари 2018 - 21:12

„Седум од осум“ имаат кошаркарите на Блокотехна, доволно да ја превземат лидерската позиција во БИБЛ лигата.

На првото гостување во новата 2018 година, она во Призрен, против Башкими, тимот од Гевгелија одигра сигурно, и пред се ефикасно, што резултираше со уште еден убедлив триумф...
Башкими – Блокотехна 75:91 (20-26; 18-23; 20-25; 17-17)
За разлика од некои претходни натпревари, на овој, екипата на Блокотехна многу поголемо внимание, барем во нападот, му посвети на шутот од далечина. Решија да форсираат избраниците на Марјан Илиевски.
Испалија дури 39. пати од позицијата зад линијата 6.75. метри, но затоа пак и погодија добар дел од нив, Дури 15. пати беа прецизни од таа позиција (или 38% успешноста на реализација), што беше еден од битните моменти на мечот во кој, гевгеличани диктираа темпо, и имаа водство од првата до последната минута.
На крајот, Данило Мијатовиќ покажа дека е лидер на тимот. Реализираше искусното крило 26. поени, плус додаде и девет скока.
Но уште позадоволен е Илиевски затоа што цела една петорка заврши со двоен број на поени. Покрај Мијатовиќ, над „десетката" беа и Бенџамин (16), Казарновски (13), но и капитенот Главчев и новакот Бовен со по 12. реализирани поени.

Најново во Кошарка