УБЕДЛИВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО САМОКОВ

БЛОКОТЕХНА ГО ТРЕСНА РИЛСКИ: За ко-лидерска позиција на Балканот

Извонредно издание имаше комплетната прва петорка на составот од Гевгелија, по што едноставно „Рилецот" немаше одговор (87:64) за нашиот претставник во БИБЛ конкуренцијата...

објавено: 12 декември 2017 - 18:58

Не поминаа со Левски, но цехот го плати Рилски...

изворедна партија прикажаа кошаркарите на Блокотехна на гостуавњето во Самоков.
Едноставно како „брз воз" го прегазија Рилски Спортист.
Од првата до последната минута траепе доминацијата на тимот кој го предводи Марјан Илиевски на крајот, сето тоа заедно за убедливи 23. поени разлика, иако се можеше да оди и уште „повисоко".
Рилски Спортист – Блокотехна 64:87 (16-25; 22-22; 13-19; 13-21)
Во Арената во Самоков извонредно издание имаше комплетната прва петорка на составот од Гевгелија, по што едноставно „Рилецот" немаше одговор за разновидната игра на нашиот претставник во БИБЛ конкуренцијата...
Многу појасни беа работите уште во првата четвртина во која гевгеличани потврдија дека од ова трето гостување во Бугарија се подготвени да се вратат со полн плен.

Имаа скоро двоцифрена разлика по десет минути игра (25:16). А по изедначената втора четвртина, сите дилеми ги тргнаа во вториот дел од играта.
Оној плус од полувремето, (47:38), до истекот на третиот дел го претворија во уште повисоки (66:51), но тука не застанаа, напротив...
Иако Мијатовиќ реализираше најмногу поени, 20. Казарновски беше со дабл-дабл ефект од 12. поени и 11 скока, но и 6.асистенции (ќе му ги избришеме оние пет загубени топки во крајниот ефект).
Бенџамин реализираше 18, Младеновиќ 16, а капитенот Главчев, освен 12 поени придодаде и по седум скока и исто толку успешни додавања.
Седум пати поентираше Мелори, уште два поени дојдоа од Дујковиќ во овој петти триумф на Блокотехна во шест одиграни кола од БИБЛ лигата.

Најново во Кошарка