ДУЕЛОТ ЗА ТРЕТОТО МЕСТО МУ ПРИПАДНА НА ДОМАЌИНОТ

Блокотехна остана со празни раце во Самоков, со два поени во продолжение не се добива меч

Блокотехна не успеа да го освои третото место на фајнл-фор завршницата во БИБЛ-лигата, откако беше совладана од Рилски Спортист со 92-79 по дополнителните пет минути. 

објавено: 15 април 2018 - 16:01

Блокотехна во својата дебитанска сезона во БИБЛ-лигата не успеа да освои медал. Гевгеличани го загубија дуелот за третото место, Рилски Спортист славеше со 92-79 (16-26, 22-16, 18-18, 21-17, 15-2) по дополнителните пет минути. 

Регуларниот дел заврши со 77-77, по што избраниците на Марјан Илиевски паднаа во продолжението, постигнаа само две поени, а примија дури 15.

Мијатовиќ со 31 поен беше најефикасен кај Блокотехна, на другата страна Маринов имаше 25 поени.

Во дуелот за првото место силите ќе ги одмерат Башкими и Левски Лукоил. 

Најново во Кошарка