ГЕВГЕЛИЧАНИ СЛАВЕА НА ГОСТИ КАЈ ИБАР

Блокотехна си „мачка“ и во БИБЛ

Блокотехна го запиша третиот триумф во балканското натпреварување, откако на гостувањето кај Ибар славеше со 74-98.

објавено: 8 ноември 2017 - 18:25

Блокотехна се врати на победничките патеки во БИБЛ-лигата. По поразот од Левски (по продолженија), избраниците на Марјан Илиевски на гостувањето кај Ибар славеа со 74-98 (16-22, 16-26, 19-21, 23-29) и го забележаа третиот триумф во балканското натпреварување.

Гевгеличани во првите две четвртини на теренот потврдија дека станува збор на две екипи кои поседуваат различен квалитет, односно дека Блокотехна е класа за противникот. Македонскиот тим на полувремето водеше 36-46, а потоа по одморот постепено ја зголемуваше предноста која на крајот на натпреварот изнесуваше .

Казарновски со 24 поени беше најефикасен во составот на Блокотехна, каде Бенџамин имаше дабл-дабл од 21 поен и 10 скока. 

 

Најново во Кошарка