ПОЗНАТИ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА НА ФИНАЛНИОТ ТУРНИР НА БИБЛ ЛИГАТА

Давидов ќе суди на „фајнал-форот“ во Самоков

Претстојниот викенд (14. и 15. април) во Самоков, ќе се одржи завршниот турнир во рамки на Балканската БИБЛ лига на кој учество ќе земе и екипата на Блокотехна...

објавено: 10 април 2018 - 12:30

Новакот во македонската кошаркарска елита, Блокотехна, успеа во својата премиерна сезона во оваа лига, да стигне до завршницата па така во рамки на првото полуфинале ќе се пресмета со Левски Лукоил (15:00 часот, локално време).

Во рамки на второтото полуфинале, домаќинот, екипата на Рилски Спортист ќе си ги одмери силите со Башкими (18:30 локално време).

Натпреварите ќе бидат одиграни во Самоков Арена. Натпреварот за трето место ќе се одигра в недела (15. април) со почеток во 15:00 часот, финалето е закажано за три часа подоцна.

А Александар Давидов, кој оваа година ја бележи и својата единаесетта како кошаркарски судија, прва како судија со ФИБА значка, е избраниот арбитар за претстојниот финален турнир на БИБЛ лигата.

Заедно со Давидов на натпреварите правдата ќе ја делат и Ервин Кочи, Јоргос Пурсанидис, Димитриос Битис, Даут Мехмети и Огњен Јокиќ.

 

 

Најново во Кошарка