УБАВО ПРИЗНАНИЕ ЗА ИГРАЧОТ НА БЛОКОТЕХНА

Двејн Бенџамин е МВП на БИБЛ лигата

Американскиот кошаркар во редовите на гевгелиска Блокотехна е избран за најкорисен играч во оваа сезона од БИБЛ лигата.

објавено: 15 април 2018 - 21:30

Американскиот кошаркар во редовите на гевгелиска Блокотехна, Двејн Бенџамин е избран за најкорисен играч во оваа сезона од БИБЛ лигата.

Во паузата помеѓу двата полуфонални натпревари ан турнирот во Самоков, Бенџамин го доби пехарот за МВП од страна на директорот на лигата, Шај Штрикс.

Зад американското окрило е една одлична сезона во Лигата на Балканот, во која на 12 одиграни мечеви во просек реализираше по 20.7 поени, 6.3 скока и 2.3 асистенции, или индекс на корисност 22.3.
Најдобриот настап му беше во дуелот против Левски Лукоил во регуларниот дел од сезоната во кој Американецот уфрли 30. поени, а имаше и девет успешни додавања.
Но поради недоволно санираната повреда, имаше малку минути на завршниот турнир во Самоков на кој Блокотехна запиша два порази и го освои 4. место во оваа деби сезона за нив во регионалното натпреварување.

ФОТО: balkanleague.net

Најново во Кошарка