По 10 години повторно ќе се игра за титула на исто место

Фајналфор турнирот во БИБЛ лигата во Самоков

По 10 години бугарскиот град Самоков повторно ќе биде домаќин на фајналфор турнирот за титулата во БИБЛ лигата

објавено: 30 март 2018 - 21:40

По 10 години бугарскиот град Самоков повторно ќе биде домаќин на фајналфор турнирот за титулата во БИБЛ лигата.

Кандидатура за домаќин на завршницата беше и напиот клуб Блокотехна, но раководството на балканската лига одлучи да се игра во Самоков.

Таму, на почетокот на лигата се играше првиот фајналфор, пред 10 години, а титулата ја освои Рилски спортист. Екипа која е лидер на табелата со 11 победи и еден пораз, пред Блокотехна со биланс 10-2.

Завршниот турнир ќе се игра на 14. и 15. април.

 

Најново во Кошарка