БЛОКОТЕХНА Е ДЕЛ ОД БАЛКАНСКИОТ „ФАЈНАЛ-ФОР“’

ГЛАВЧЕВ: Спремни сме, одиме по трофејот!

Прво и историско учество за еден од дебитантите во ова натпреварување, во кое уште еден македонски претставник кој ќе се обиде да го направи она што му појде од рака на Фени Индустри, да стане шампион на Балканската лига.

објавено: 12 април 2018 - 15:15

Важни и напорни десет дена се пред кошаркарите и стручниот штаб на Блокотехна во кои имаат дури пет натпревари.
Првиот е вечер во сабота, во Самоков, за кога е предвидено полуфиналето од БИБЛ лигата против екипата на Левски Лукоил.
Прво и историско за Блокотехна, еден од дебитантите во ова натпреварување, во кое уште еден македонски претставник кој ќе се обиде да го направи она што му појде од рака на Фени Индустри, да стане шампион на Балканската лига.

За првиот човек на клубот, Томица Главчев, ова натпреварување значи многу.

„Прво за нас како клуб, кој прв пат се натпреварува во оваа конкуренција. Потоа за играчите кои се во нашиот ростер за кои ова е искуство плус затоа што се натпреваруваат со тимови од Бугарија, Албанија, Косово и Црна Гора. Тоа можеме да го почувствуваме и низ натпреварите во домашниот шампионат, каде во овој момент сме на втората позиција на табелата. Учеството во БИБЛ лигата ни дава можности да се среќаваме со многу спортски работници од сите овие земји. Тие средби да се обединуваме околу спортот, но и во други планирања, што е исто така важно за нас. И сметам дека овој голем број на меѓународни натпревари кои ги имаме придонесуваа за промоција на нашата земја – Македонија.
Јас сум присутен долго време во ова натпреварување. Порано бев дел од раководството на еден друг клуб, а сега сум дел од Блокотехна. Од мое искуство, имам право да кажам дека имаме силен карактер, особено оној спортски карактер во клубот. Да се биде дел од едно такво натпреварување е многу корисно. Затоа и сакам да искажам благодарност до менаџментот на Балканската лига, исто така и на клубовите кои помогнаа да се направи ова десетта сезона на ова навистина интересно натпреварување"- потенцира Главчев.

А капитенот на екипата, Горан Главчев вели дека Блокотехна може да дојде до трофејот на турнирот во Самоков.

„Мислам дека сме подготвени за 'Фајнал-фор' турнирот. Еден натпревар е во кој може да се случи се. И сметам дека можеме да дојдеме до трофејот. Најважно за нас ќе биде да ја играме нашата игра која ја демонстриравме во регуларниот дел. Ако играме како што знаеме, сигурен сум дека можеме да победиме било кој тим. Ние веќе го покажавме тоа "- смета стартерот на бековската позиција во составот на гевгеличани.

Најново во Кошарка