Ново име во Блокотехна

Хадсон е замената за Мелори

Џонатан Хадсон е новиот играч на гевгелискиот прволигаш на првата бековска позиција. 

објавено: 11 јануари 2018 - 17:09

Џонатан Хадсон е новото плејмејкерско решение за екипата на Блокотехна.

По проблемот кој им го создаде повредата на Мелори, раководството на клубот од Гевгелија реагираше брзо и најде замена за одличниот Американец.

Неговото место до крајот на сезоната ќе го заземе Џонатан Хадсон, еден 30 годишен кошаркар кој доаѓа во Блокотехна од канадското првенство. Односно како доскорешен играч на Лондон лајтнинг.

Минатата сезона Хадсон ја помина во Литванија како член на Џукија, а и претходно во кариерата има настапувано во Литванија, и тоа како играч на Наглис Паланга.

 

Најново во Кошарка