ТОДОРОВ И ЛЕВСКИ ЌЕ ПОЧЕКААТ НА ПРВАТА ПОБЕДА...

ХАОС ВО БУГАРИЈА: Летаа шишиња, мотки... финалето во прекин (ВИДЕО)


Вториот меч од финалето на плеј-офот помеѓу екипите на Левски и на Балкан од Ботевград е прекинат поради инцидентите кои ги предизвикаа навивачите на тимот од Софија...

објавено: 24 мај 2018 - 09:30

Вториот меч од финалето на плеј-офот помеѓу екипите на Левски и на Балкан од Ботевград е прекинат поради инцидентите кои ги предизвикаа навивачите на тимот од Софија...
Натпреварот е прекинат во 37.минута од играта, при водство на Левски (66:59), и ќе биде продолжен во текот на денот, но без присуство на публика.
Левски, каде во улога на асистент тренер е нашиот Алексндар Тодоров, беше блиску до израмнување во серијата. Но за прекинот треба да им се „заблагодари" на своите навивали на кои им бешпе дозволено во текот на средбата да бидат сместени непосредно зад клупата на гостинската екипа.
За време на мечот во салата „Универзијада", најжестоките навивачи на Левски ги навредуваат играчите и стручниот тим на Балкан, фрлаа пластични шишиња на нив, а три минути пред крајот, некои од хулиганите сакаа и физички да се пресметаат со нив, ги гаѓаа со мотки!!!

Полицијата и редарите успеаја да ги запрат насилните навивали на Левски, додека двете екипи мораше да се повлечат во соблекувалните, по што натпреварот беше прекинат.
Управата на Балкан наведува дека станува збор за „грда провокација" на Левски и дека не е случајно што екстремните навивачи биле распоредено токму зад нивните места во салата.
Од Левски го осудија насилството, но истакнаа дека немало никакви намери за кои беа обвинети.

 

 

Најново во Кошарка