ГЕВГЕЛИЧАНИ НАЈДОА НОВ БЕК

Хол е заменикот на Абрамович во Кожув (ВИДЕО)

Американецот Лери Хол (190см-1983год.) е новото играчко засилување за екипата на Кожув.

објавено: 21 ноември 2016 - 13:44

Американецот Лери Хол (190см-1983год.) е новото играчко засилување за екипата на Кожув. А во стручниот штаб на гевгелиските „црвено-бели" се надеваат дека ќе биде и соодветна бековска замена за Словенецот Роберт Абрамович со кого предвреме ја прекинаа соработката.

Станува збор за играч кој во текот на својата играчка кариера променил навистина многу клубови.

За време на сезоната 2013/2014 играл за естонскиот Раквере (просек од 7. поени и 3.8 скока), за потоа да заигра и за швајцарскиот Луцерн, каде имал многу повисоки вбројки, односно просечни 18.5 поени и 3.4 скока на 12. натпревари.
За него последен клуб се води украинскиот Черкаски Мавпи, но без да запише официјален натпревар.

А освен тоа настапувал и за клубови од Словенија, Литванија, Унгарија и Финска.

Со оглед на краткиот временски рок за регистрација, Хол нема да биде дел од тимот за утрешното гостување во Призрен каде Кожув го очекува дуелот со Башкими кој е дел од 6. коло од натпреварите во БИБЛ лигата. оттука неговото деби за тимот од Гевгелија се очекква да се случи наредниот викенд, односно првенствениот дуел со Куманово. 

„Договорени се сите детали со Лери Хол. Но поради кусиот период за регистрација, тој не отпатува со екипата за Призрен, и за тоа време ќе тренира индивидуално во Гевгелија. Очекуваме нашиот нов играч да заигра на првиот нареден меч од првенството, оној против екипата на Куманово“ - потврдува за „Спортмедиа“, спортскиот директор на Кожув, Зафир Хаџи-Митров.

 

 

 

Најново во Кошарка