ДВА БИБЛ МЕЧА ЗА ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО ПЕТ ДЕНА

Кожув ја „отвора“ годината во Приштина, Трепча „преживеа“

За разлика од некои други, нема попусти за нашите клубови, па во рок од неколку дена гевгеличани ќе играат два натпревари.

објавено: 10 јануари 2017 - 17:00

Додека чекаме нашата клупска кошарка да се врати во салите низ Македонија, менаџментот на БИБЛ лигата одлучи да нема некоја преголема пауза во овој прв дел од сезоната.
Па оттука, по еден забрзан редослед ќе се играат и првите мечеви од 2017 година.
А погледот на календарот вели дека со посебен интерес календарот (ќе) го разгледуваат луѓето од гевгелиски Кожув.


Официјалниот распоред вели дека гевгелиските „црвено-бели" ќе ја имаат таа „чест" да заиграат први во новата сезона, односно уште во првата половина од јануари
И тоа ни повеќе ниту помалку, дури два натпревари за кратко време.
Па така, премиерата во 2017 година за составот кој го предводи Игор Михајловски ќе биде на 12. јануари, во Приштина, каде ќе бидат гости на актуелниот бранител на балканската титула Сигал Приштина.
А пет дена подоцна пак гевгеличани ги чека и македонската „пресметка" против екипата на Куманово.
По седум одиграни натпревари, Кожув е на скор од две победи и пет порази, и е на петтата позиција во групата „А".

Уште полош е распоредот на шампионот. Па тимот од Приштина ќе мора да игра три натпревари во рок од шест дена (10-16. јануари).Но сите на домашен терен, што е доста голема, и пред се, олеснителна околност.

Привилегии, но да остане во ова друштво доби и уште една екипа од Косово, Трепча.
Менаџментот на БИБЛ лигата потврди дека тимот од Косовска Митровица ќе остане дел од ова натпреварување, откако во меѓувреме ги подмириле сите обврски спрема лигата. Пред се оние финансиските поради кои им се закануваше и суспензија.

Најново во Кошарка