ГЕВГЕЛИЧАНИ ОСЛАБЕНИ ПРЕД ДУЕЛОТ СО ФЕНИ И ВТОРИОТ ДЕЛ

Кожув остана без Главчев

Младиот репрезентативец си замина од редовите на „црвено-белите", и во наредниот период ќе настапува за второлигашот Радовиш.

објавено: 31 јануари 2017 - 15:00

Во вториот дел од БИБЛ лигата, секако и домашниот шампиона, екипата на Кожув ќе продолжи без Горан Главчев. Младиот кошаркар кој пред извесен период се врати дома во Гевгелија, и играњето во Младост од Земун го замени со она во „матичниот" Кожув, ја искористи можноста која му ја даваше договорот, и ги напушти „црвено-белите".


Во наредниот период ќе настапува за екипата на Радовиш, која покажува сериозни аспирации за влез во друштвото на најдобрите.
По враќањето од Србија, потенцијалниот македонски репрезентативец (беше на турнејата во Кина која летоска ја организираше МКФ), одигра неколку, поточно три мечеви во БИБЛ лигата, на кои за просек од 16. минути на теренот реализираше по 2.7 поени, 2.7 асистенции и еден скок.
Но беше дел и од уште четири во домашниот шампионат на кои во просек даваше по 2.3 поени, но со многу помал број на минути поминати на теренот (8.3).

Најново во Кошарка