ПРВО ГОСТУВАЊЕ ЗА БЛОКОТЕХНА ВО БАЛКАНСКАТА ЛИГА

Левски e најсериозниот испит за гевгеличани!

Денешното гостување во Софија кај Левски е најсериозниот тест со кој ќе се соочи тимот на Блокотехна во досегашниот дел од сезоната, и ова ќе биде како генерална проба за него пред дуелот со МЗТ во Скопје, наредната недела...

објавено: 24 октомври 2017 - 15:15

Денешното гостување во Софија кај Левски е најсериозниот тест со кој ќе се соочи тимот на Блокотехна во досегашниот дел од сезоната, и ова ќе биде како генерална проба за него пред дуелот со МЗТ во Скопје, наредната недела... Дуелот од Балканската лига се игра во 17:30 часот по македонско време, во салата „Универзијада"

Според игрите и резултатите, Блокотехна во моментов, веројатно, е посилна од Куманово, па ќе проба да остане непоразена сезонава и по својот прв меч надвор од својот град.
Искусниот српски крилен центар Данило Мијатовиќ беше МВП на второто коло и повторно ќе биде еден од главните адути на Блокотехна.

„Левски не е толку силен како во минатото, но кога игра дома, секогаш е незгоден"- вели Марјан Илиевски, шефот на стручниот штаб на тимот од Гевгелија. „Факт е дека ги добивме сите натпревари во домашниот шампионат, и оние од БИБЛ лигата. Сакаме таа низа да ја продолжиме и на ова гостување. Оваа недела ни носи вистински предизвици, прво Левски, потоа МЗТ Скопје. Се надевам дека ќе знаеме да одговориме како што треба"- дополнува Илиевски пред дуелот со софиските „сини", прво за нив надвор од Гевгелија во сезоната.

Инаку, овој викенд Левски го победи Спартак во Плевен во шампионатот на Бугарија. Најдобар играч им е Алекс Симеонов, кој во Плевен имаше 34 поени, а имаат и двајца солидни странци.

 

Најново во Кошарка