ГЕВГЕЛИЧАНИ ИМАА СЈАЈНА ЗАВРШНИЦА ПРОТИВ АКАДЕМИК

МАКАР И „ВО СТАНИ-ПАДНИ" СТИЛ: Блокотехна помина низ Пловдив

Гевгеличани брзо заборавија на поразот од Работнички. Се рехабилитираа со многу важен триумф во БИБЛ лигата, на гости кај Академик Бултекс (86:82)...

објавено: 14 ноември 2017 - 19:08

Не може дома, но затоа пак може во Лигата на Балканот. Блокотехна направи пресврт во последните три минути од гостувањето во Пловдив и негативата од осум поени (72:80), ја претворија во позитива и победа на тешкото гостување во Бугарија.

Академик Бултекс 99 – Блокотехна 82:86 (19-26; 26-11; 16-25; 21-24)
Академик првиот поен го даде во трета минута и тоа од слободно фрлање, додека од поле домашните не погодија во воведните четири и „кусур" минути. Веќе во 6. минута, Блокотехна направи 11 поени разлика. Гевгеличани делуваа разиграно во напад, лесно го наоѓаа патот до кошот и без проблем ја одржуваа разликата (26:19).
Но во продолжението од играта, кај Блокотехна се повреди Бенџамин, кај Академик Бултекс пак се разигра Секулов кој за неполни девет минути, даде 15 поени, а досега во БИБЛ цела сезона имаше само еден поен.
Со тој ефект го покри катастрофалното издание на Јумипиг. Во 16. минута, Академик дојде до своето прво водство. Огромниот пад на гевгеличани во втората четвртина резултираше со предност на Бугарите од десет поени разлика. (47:37).


Третиот период му припадна на македонскиот тим, а на три минути до крајот на третата четвртина, Блокотехна се врати во водство.
На три минути до крај беше (80:72) за Академик, но гевгелискиот тим за две минути направи серија од 9-0 и за драма во финишот. Затоа што на 11 секунди до крајот, Младеновиќ погоди две слободни фрлња за ново водство од (84:82), домашните погрешија, а Бенџамин стави точка.
Токму Бенџамин со 31 и Мијатовиќ со 22 поени, беа најдобри во победничкиот тим, додека Младеновиќ и Казарновски постигнаа по 12.

 

Најново во Кошарка