ГЕВГЕЛИЧАНИ НАЈДОА ИГРАЧ ПЛУС ВО РОСТЕРОТ

Македонецот Дујковиќ ќе блокира како играч на Блокотехна

Со оглед на тоа дека има и македонски пасош, екс репрезентативецот ќе биде регистриран како домашен играч кај дебитантот во Првата лига.

објавено: 18 октомври 2017 - 15:11


Раководството на Блокотехна сака се да биде официјално, па така и не брзаше со објавата која вели дека некогашниот македонски репрезентативец Марко Дујковиќ е новиот играч на тимот од Гевгелија.

Го направија тоа непосредно пред дуелот со Башкими од вторто коло од БИБЛ лигата, кога гевгеличани го потврдија договорот со високиот центар.
Со оглед на тоа дека има и македонски пасош, екс репрезентативецот ќе биде регистриран како домашен играч кај дебитантот во Првата лига.

Најново во Кошарка