ВТОР МЕЧ ЗА КОЖУВ ВО БИБЛ ЛИГАТА, И ВТОР НЕУСПЕХ

На Балканот не оди како што треба...

Гевгеличани беа во постојана резултатска негатива, и на крајот го положија оружјето пред албанската Теута (85:94).

објавено: 6 ноември 2018 - 19:18

Победија пред некоја вечер против Куманово иако беа далеку од добри. Но против една добро организирана игра, и екипа каква има Теута, кошаркарите на Кожув не успеаја.

Не ги покрија големиот број на слабости присутни во нивната игра,
Па мораа да го признат и вториот пораз од почетокот од мини лигата која сеуште се нарекува Балканска.
Кожув – Теута 85:94 (17-21; 23-29; 18-24; 27-20)
Со десет поени негатива го стартуваа вториот дел кошаркарите на Кожув (40:50).
Иако за БИБЛ важат други правила во однос на оние на МКФ (во стартната петорка може да има само еден домашен кошаркар), се чини дека во тие 20.минути, играа само двајца кошаркари, пред се, во нападот – Пековиќ и Радуловиќ.

Српскиот двоец даде 30 од тие 40.поени, што беше јасен показател дека тренерот Павле Николов не „доби" уште некој кој поентерски ќе одговори на доста ефикасната игра на гостите од Албанија, каде пак офанзивно доминираа Хусенаголи и Вилсон (заедно 29.поени). Освен тоа гевгеличани беа и натскокани во тој прв дел од играта, имаа шест скока помалку во однос на Теута (21 спрема 15), па двоцифрената негатива не беше и изненадувачка.

Оние 15.минути за одмор и за креирање тактика „како понатаму", не донесоа добри вести за домашната екипа. Кожув влезе во уште поголема негатива, во 28.минута и од 16 поени, (54:70), како што беше и на истекот на третата четвртина (74:58).
Домашната екипа не се откажа од победата на овој меч. Стигнаа кошаркарите на Кожув и на минус од три поени (81:84), и имаа уште толку минути (и некоја секунда плус)за комплетен пресврт. Освен споменатото дуо, поентерски потпомогаа и Мишковиќ и Караколев, па се формираше скоро една комплетна „двоцифрена" петорка на Кожув.
Но тој напад го одбија најдобрите кај Теута, Хусенаголи и Коупс, за (81:88), за втор неуспешен обид на Кожув на Балканот....
Во четвртиот круг од натпреварите во Лигата на Балканот, на 14.ноември, Кожув ќе му гостува на Башкими во Призрен.

 

 

Најново во Кошарка