ГОСТУВАЊЕТО ВО АЛБАНИЈА ВИСТИНСКИ ТЕСТ ЗА КУМАНОВЦИ

Петровиќ дебитира во Тирана

Александар Петровиќ вечерва од 18:30 часот, во салата „Фети Борова" во Тирана, ќе дебитира како прв тренер на Куманово, и тоа на мечот со СК Тирана, во рамките на регионалната Балканска лига.

објавено: 7 ноември 2017 - 16:25

Александар Петровиќ вечерва од 18:30 часот, во салата „Фети Борова" во Тирана, ќе дебитира како прв тренер на Куманово, и тоа на мечот со СК Тирана, во рамките на регионалната Балканска лига.

Петровиќ неодамна го наследи Игор Михајловски како шеф на стручниот штаб и веднаш има предизвик да се обиде да триумфира на гостински терен.

За Куманово, ова е втор гостински меч сезонава во БИБЛ, откако загуби на стартот во Софија, од Левски. Потоа дома имаше триумф над Ибар и пораз од Академик бултекс. Од друга страна, екипата од главниот град на Албанија дома има одиграно еден меч, против Башкими, и дојде до победата. Засега тоа е единствениот триумф за тимот чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Владимир Брчков. На гости беа убедливо надиграни од Академик во Пловдив и од Блокотехна во Гевгелија.

Најново во Кошарка