ГЕВГЕЛИЧАНИ ЈА БАРААТ И ВТОРАТА БИБЛ ПОБЕДА

Подготвен е „БЛОК“ и за Башкими

За Блокотехна, вечерва од 18.30 часот, би можел да дебитира Антон Казарновски, но и без него, гевгеличани имаат квалитетен тим, кој би требало да биде доволен за триумф над екипата од Призрен.

објавено: 18 октомври 2017 - 15:10

Дуелот против Башкими од 18:30 часот, во салата „НБ Ноел" во Гевгелија, би можел да биде најсериозниот тест за Блокотехна сезонава, но поради домашниот терен, таа повторно ја има улогата на фаворит.

По серијата од три лесни и убедливи победи во домашната лига и во БИБЛ, пред Блокотехна е поголем предизвик, меч со една од најдобрите екипи што ги има во Косово.

За Блокотехна би можел да дебитира Антон Казарновски, но и без него, гевгеличани имаат квалитетен тим, кој би требало да биде доволен за триумф над Башкими.
За клубот од Призрен, ова е прв меч во БИБЛ сезонава, а во домашната лига одигра три средби, од кои доби две. Има солидна петорка со Зекиќи како домашен играч и со четворица странци (по еден Бугарин, Хрват, Американец и Црногорец), но клупата за резерви му е потенка и тука е неговиот главен проблем.

 

Најново во Кошарка