ПОРАЗ НА КУМАНОВО НА ОТВОРАЊЕТО НА НОВАТА СЕЗОНА

Софиските „сини" подобри од кумановските!

Не го издржаа притисокот кошаркарите на Куманово, и во еден доста изедначен натпревар загубија од Левски во Софија (78:85).

објавено: 11 октомври 2017 - 18:52

Победа на Блокотехна и пораз на Куманово на стартот на новото издание на БИБЛ лигата.
Куманмовските „сино-бели" беа во игра за позитивен резултат на гостувањето во Софија, но на крајот, бодовите останаа за домашниот Левски.
Левски – Куманово 85:78 (27-25; 18-19; 21-16; 19-18)
Ќе има за што да жали ланскиот финалист во Лигата на Балканот, зато ашто реално против себе немаше некој поквалитетен противник. НА избран ците на тренерот Игор Михајловски им недостасуваше тој последне чекор за пресврт и во играта и во резултатот.
Постојано ја бркаа негативата, која не беше поголема од неколку поени.

По 40 минути излегува дека пресудија моментите од третиот период во кој „левскарите" се стекнаа со тие пет-шест поени предност кои знаеја да ги одбранат во оној последниот.
Претходно, во оние први 20.минути се беше во рамките на егалот (45:44) во корист на тимот од Софија.
Комплетната прва петорка која во „Универзијада" ја извади тренерот Михајловски имаше двоен број на поен, со исклучок на Караколев (застана на три).
Караџовски реализираше 16 (4/8 за три поени), капитенот Јанески имаше едeн помалку. Штерјов додаде 12, а Американецот Раме уште 11.
Но прв стрелец во составот на Куманово беше „резервистот" Миљковиќ, реализираше 17.
Се заедно недоволно за прв балкански успех на отворањето на новата сезона на Балканот.

 

Најново во Кошарка