БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ

Телевизиите во Македонија не сакаат балканска кошарка - Блокотехна по БИБЛ пехарот во Самоков

Бугарската национална телевизија беше клучниот фактор при одредувањето на градот домаќин на завршницата од регионалната Балканска лига. Фајнал-форот ќе се одржи на 14 и 15 април во бугарското гратче Самоков. 

објавено: 1 април 2018 - 21:35

Бугарската национална телевизија беше клучниот фактор при одредувањето на градот домаќин на завршницата од регионалната Балканска лига. На фајнал-форот кој ќе се одржи на 14 и 15 април во бугарското гратче Самоков.

На завршниот турнир ќе учествува и гевгелиска Блокотехна, клуб кој беше и фаворит за добивање на оранизацијата на турнирот. Но, Македонската телевизија од технички причини не била во можност да ги пренесува мечевите, па изборот падна на Самоков.
Ова ќе биде трети пат во десетгодишната историја на БИБЛ, фајнал-форот да се игра во Самоков. Таму беше и првиот Ф4, во 2009 година, кога Рилски спортист предводен од тренерот Александар Тодоров, во финалето го совлада Работнички со 84:77.

Потоа во 2013 година, во финалето во Самоков, израелскиот тим Хапоел Галил Гилбоа беше подобар од Левски со 87:79.
Во претходните три сезони немаше фајнал-фор турнири, туку финалето се играше во два меча, секој тим играше по еднаш дома и на гости.

Овојпат се враќа фајнал-фор форматот.

Во полуфиналето, Блокотехна најверојатно ќе игра со Левски Лукоил, а потоа во евентуалното финале, ривал би требало да им биде домашниот Рилски спортист кој ќе биде голем фаворит во другото полуфинале, без разлика дали ривал ќе му биде Башкими или Академик Бултекс.
Од БИБЛ информираа дека Рилски и Блокотехна испратиле најдобри понуди за домаќинство на финалниот турнир, исполнувајќи ги сите барања и обврски.

Останатите клубови изразиле желба, но нивните понуди не биле доволно добри. Гевгелија имаше шанса првпат да биде домаќин на ваков настан, но Блокотехна не можеше да обезбеди директни преноси од сите мечеви за територијата на Македонија.
Во обидите да се најде решение учествувал и претседателот на МКФ, Петар Наумоски, но безуспешно.

Најново во Кошарка