ДЕБИ НАСТАП НА БЛОКОТЕХНА НА Ф4 ВО БИБЛ ЛИГАТА

Тројкашкиот рафал на „левскарите" го урна сонот за финалето!

Неверојатна шутерска изведба имаа кошаркарите на Левски Лукоил во полуфиналето против нашиот претставник. Погодија „сините" дури 15. тројки со кои направија пресврт, и победија со (85:81).

објавено: 14 април 2018 - 15:56

Своето прво учество во БИБЛ лигата кошаркарите на Блокотехна го завршија во полуфиналето. Иако имаа одлични 17 минути, двоцифрено водство, тоа се покажа како недоволно за да излезат како победници и да го направат оној последен чекор – да влезат во финалето и да се борат за трофејот во Балканската лига.

БЛОКОТЕХНА – ЛЕВСКИ ЛУКОИЛ 81:85 (27-16; 13-23; 18-15; 23-31)
Од првиот момент на првото полуфинале, македонскиот претставник беше подобар од бугарскиот. Во неколку наврати тимот од Гевгелија имаше и предност поголема од десет поени (20-9 во раната фаза од мечот)
„Левскарите" кои се со далеку поголемо педигре во натпреварувањето, беа во постојана негатива, и иако во неколку ситуации намалуваа добар дел од неа, не успеаја да ја стигнат.
Барем не до полувремето во кое дебитантот на финалниот турнир во БИБЛ и лигата воопшто имаше предност, но доста помала од што реално требаше да биде.
Пред се поради очајните три минути во кои на противникот му дозволија да направи серија од (10-0), и наизглед сигурните (40:29) ги претвори во минимални (40:39).

Мијатовиќ и Главчев дадоа повеќе од половина поени за нашиот тим (двајцата по 11), а по седум уфрлија уште Младеновиќ и Смит. А во тоа прво полувреме, Казарновски и Бовен имаа по два.
По одморот, тимот од Софија продолжи со идејата да шутира, но сега и да погодува шутеви вредни по три поени. Но Блокотехна најде одговор за таа игра преку Смит, кој успешно ја пробивата „сината одбрана".
А токму по тројката на Казарновски (прва за него). Блокотехна влезе со плус 4 (58:54) во последниот дел од играта од ова полуфинале (во она другото играат Рилски Спортист и Башкими).
Но, и во тој период, Левски не го смени стилот на играта. Упорно форсираа „сините" од линијата зад 6.57 метри, и беа успешни во тоа (42% на успешност до тој момент, 12/28) . По двете реализации на Аврамов преминаа во водство (60:58) по минута и половина игра од четвртата четвртина.
Две минути подоцна, рројката, но на Главчев, донесе нерешен резултат (64:64) и тајм аут за Константин Папазов. Доста корисен, затоа што неговите играчи дадоа уште две тројки за највисоки (70:64) во корист на екипата од Софија. Во прилог им дојде и една техничка грешка која ја доби Мијатовиќ за нервозната реакција (по недосудениот прекршок во нападот), за (67:72).
По поените на Младеновиќ, гевгелишани останаа во игра (78:81) пред последните 26.секунди.
Нашите играчи пробаат да с еодбранат, не успеаја, па Мијатовиќ мораше да го направи и својот петти прекршок. Па ма 13 секунди пред крајот, Левски стигна до недостижни ( 78:83). Искра надеќ со „тројка од табла", донесе Младеновиќ (81:83).
Ова полуфинале Смит го заврши со 21 поем, Главчев имаше 19, Младеновиќ 16. А Мијатовиќ уште 14. поени. Од стартерите Казарновски доддаде уште седум, но без ефект беа резверните играчи. Од нив по два поени дојдоа само од Бенџамин и Бовен.

 

ФОТО: balkanleague.net

Најново во Кошарка