ЦРНОГОРСКИОТ БИБЛ ДЕБИТАНТ ГОСТУВА ВО КУМАНОВО

ЗАДАЧА ПЛУС ЗА КУМАНОВЦИ: Да се помине преку Ибар

По победата на гостувањето кај АВ Охрид, екипата на Куманово во позитивно расположение го дочекува вечерашниот меч (19 часот) со Ибар Рожаје, во рамките на второто коло од регионалната Балканска лига.

објавено: 17 октомври 2017 - 16:56

По победата на гостувањето кај АВ Охрид, екипата на Куманово во позитивно расположение го дочекува вечерашниот меч (19 часот) со Ибар Рожаје, во рамките на второто коло од регионалната Балканска лига. Кумановци ја почнаа сезонава во БИБЛ со пораз во Софија од Левски, но сега имаат полесен противник и плус тоа, ќе играат дома.

Куманово уште нема победа во својата сала, на првиот меч пред домашната публика загуби од Работнички, па денешниот дуел со Ибар е шанса да се израдуваат фановите.
Ибар кој е дебитант во БИБЛ, во првата рунда дома беше поразен од Академик Бултекс со 83:94. Нивни проблем е што црногорската лига не е почната и не се во натпреварувачки ритам, за разлика од Куманово.
Вториот македонски претставник, Блокотехна, в среда во Гевгелија го пречекува Башкими и тоа е шанса за гевгеличани да продолжат со серијата победи.

ФОТО: Кумановски муабети

Најново во Кошарка