АЛЕКСАНДАР КОСТОСКИ Е НЕСИГУРЕН ЗА НАСТАП

Боли, ќе пробам да играм, ама многу тешко...

„Не знам, веројатно е до некој 'замор на материјалот', но тоа ќе треба да го потврдат снимките. Вака не изгледа добро... Многу поголема е опцијата да не патувам за Словачка" - коментира нашиот организатор на играта.

објавено: 21 ноември 2017 - 15:30

Јорданчо Давитков, селекторот на нашиот сениорски национален тим се соочува со уште еден, засега потенцијален проблем.За дуелите со Словачка и Швајцарија да го нема на располагање ниту Александар Костоски.

На синоќешниот, инаку втор тренинг на „црвено-жолтите" по собирањето, бекот на романскиот Питешти се пожалил на болки во пределот на листот на ногата.

„Се случи пред крајот на тренингот, кога при еден дриблинг почувствував болка во пределот на листот на ногата. Не знам, веројатно е до некој 'замор на материјалот', но тоа ќе треба да го потврдат снимките. Вака не изгледа добро"- појаснува Костоски.

Извесно е дека во оние нешто помалку од 48. часа лекарскиот тим на селекцијата ќе се обиде да го оспособи за игра веројатно и нашиот стартер на првата бековска позиција.

„Боли, ќе пробам да играм, сакам да играм во Словачка, ама многу тешко. Како што сега ми изгледа ситуацијата, многу поголема е опцијата да не патувам за Словачка. Би било добро кога би можел да го сторам тоа да заиграм макар против Швајцарија. Ќе видиме, влегов во еден забрзан терапевтски процес...Што ќе донесе во следните 24 часа, ќе видиме"- дополнува Костоски.

И навистина, нема многу време за лекарската слуужба на сенитоскито нациналене тим, ако се земе в предвид дека за утре попладне е најавено полетувањето кон Братислава, односно патувањето во Попрад, каде во четврток навечер, ги отвараме претквалификациите за ЕП 2021 година.

Претходно, Давитков мораше да се откаже и од услугите на некои искусни кошаркари како Ѓорѓи Чековски и Бпјан Трајковски, на собирот го немаше ниту Диме Тасовски.
Затоа пак денеска го „доби" Ричард Хендрикс, што е доста позитивен момент во целата ситуација, нималку идеална, уште помалку очекувана.

Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка