ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ФИНАЛЕТО НА ИСТОКОТ

Бостон го растури Кливленд, Леброн непрепознатлив

Домаќините уште во првата четвртина создадоа убедлива предност, која ја сочуваа до крајот, за водство од 1:0 во серијата

објавено: 14 мај 2018 - 08:00

Бостон Селтикс води со 1:0 во финалето на источната конференција, откако на домашен терен убедливо со 108:83 го победи Кливленд. Домаќините имаа фуриозна прва четвртина, во која постигнаа двојно повеќе поени од противникот, па по првите 12 минути резултатот беше 36:18. 

Добрата игра на Бостон продолжи и во вториот квартал за убедливо водство од 61:35 на полувремето. Уште тогаш беше јасно дека Бостон ќе поведе со 1:0 во серијата, па вториот дел беше чиста формалност. Браун со 23 поени, Морис со 21 и Хорфорд со 20 беа најефикасни кај победничкиот тим. 

Интересно е тоа што првата ѕвезда на гостите, Леброн Џејмс, беше речиси незабележителен, па на крајот средбата ја заврши со само 15 постигнати поени, за 36 минути игра. 

 

Најново во Кошарка