ИСКУСНИОТ КРИЛЕН ЦЕНТАР ГИ ФАЛИ ПОМЛАДИТЕ СОИГРАЧИ

Чековски: Секоја чест за Стајиќ и Мекиќ

Популарниот Станко вели дека токму агресивноста која ја покажуваат помладите соиграчи, дава поттик за сите останати да се борат уште повеќе на теренот

објавено: 22 јули 2017 - 20:48

Еден од најискусните во редовите на македонската репрезентација, Ѓорѓи Чековски вели дека полека но сигурно рпрезентацијата ја подига формата и очекува за клучните мечеви од претквалификациите се да биде на потребното ниво.

Популарниот Станко потенцира дека одбраната е подобриот дел од играта на националниот тим, но дека има доволно време да се корегира и офанзивата, односно да се подобри реализацијата на шутот. Чековски не заборави да ги пофали и помладите Стајиќ и Мекиќ.  

„Одбраната функционираше доста добро. Премногу позитивно сум изненаден од Стајиќ и Мекиќ. Секоја чест за двајцата. Со таа агресивност и нас не подигнуваат да играме агресивно. Шутот не нѐ послужи а ние сме шутерска екипа. Се надевам дека во август се ќе биде подобро. Имаме уште една недела, да поработиме на шутот и да корегираме нападот. Со Теодор малку друга ни е играта, посебно во нападот. Просек примаме 60/70 поени и одбраната не ме загрижува многу, во нападот имаме мал проблем со шутот. Имаме и голем пад во играта. Ќе поведеме 10 разлика и паѓаме. мора тогаш да ја смириме играта.“, рече Чековски. 

Најново во Кошарка