продолжува очајниот рекорд во втората лига на „Јадранот“

Чудо не се случи: Охрид загуби само со два разлика

Нашиот тим досега ги загуби сите 17 меча кои ги одигра во ова натпреварување. Вечерва загуби само со 84:82 на гости кај Босна

објавено: 13 март 2018 - 19:43

Екипата на Охрид беше на чекор од првата радост на терените во втората лига на АБА натпреварувањето, но тоа не се случи. На гостувањето во Сараево против Босна, охриѓани загубија со 84:82. Ова е најнеизвесниот дуел кој го одигра тимот на Охрид, ако се знае дека досега има негативна кош разлика од речиси 450 поени во досегашните 18 меча. 

Македонскиот тим одлично го започна мечот и по 10 минути водеше со 18:12. Босна во втората четвртина заигра подобро и ја доби со 23:13. Охрид не се предаде и во второто полувреме играше рамноправно, но на крајот не успеа да стигне до првата победа на теренот. По 18 меча, единствениот триумф Охрид го забележа на „зелената маса“ кога службено триумфираше против Босна, која не допатува на гостувањето. 

Рос со 25 поени и Зимиќ со 21 беа најефикасни кај Охрид. 

 

Најново во Кошарка